Најскапата куќа во луксузната населба Беверли Хилс во Лос Анџелес од неодамна е ставена на продажба и тоа за неверојатни 100 милиони долари! Куќата е наречена Opus и е совршена во секој поглед. Модерна, луксузна и пространа, со прекрасен ентериер и екстериер, куќата се протега на површина од околу 20.500 метри квадратни. Во неа се сместени седум спални соби, единаесет бањи, два базени, спа центар, како и посебен простор за складирање на 170 шишиња шампањ и неповторлив поглед на Градот на ангелите. Погледнете во продолжение.