Галеријата со слики на sидот е детаљ, кој се почесто го гледаме во уредувањето на домовите, едноставен и ефектен начин да го освежите својот дом.
Галеријата со слики се гледа како целина, сликите можете да ги поставите според големината, обликот или бојата на рамката, според соджината, можат да бидат поставени симетрично или асиметрично, но доколку сте расположени да ги скршите правилата, можете рамките да ги поставите токму така, како што вие сакате.
Ниеден купен декоративен предмет нема да ја покаже вашата личност како фотографиите на кои се наоѓа вашата фамилија, децата, пријателите, фотографии од патувања, постери, детски цртежи или можеби фотографии кои вие сте ги направиле.
Можеби некогаш на некое патување сте купиле интересна ткаенина, а никогаш не сте знаеле што да направите со неа, ви предлагаме одлично решение, ставете ја во рамка! Белиот sид на кој се рамките со интересни илустрации, се секогаш интересн избор!
Ние, оваа сезона го сакаме златото во сите варијанти, па така и на sидот. Галеријата направена од златните рамки, на секој дом ќе му даде доза на луксуз.
Сликите можете да ги поставите на бел sид или sид во боја, дури интересни се и празни златни рамки, кои ќе дадат посебна атмосфера во вашиот простор.