Архитектонското студио Taller KEN стои зад овој прекрасен и модерен дизајн на кафуле во Гватемала Сити, наречено Madero Cafe. Кафулето изгледа како тропска оаза- шаренила, палми, јаки бои и светлина се рецепт за позитивна енергија со секоја посета на ова место. Архитектите кои се потпишуваат зад овој проект се Грегори Мелитонов и Инес Гузман и мора да признаеме дека завршиле одлична работа. Овој неверојатен простор е совршено вклопен во средината. Кој не би сакал да пие кафе во ваква тропска идила?