Amara е новиот возбудлив концепт на супер јахта, која ја претстави блијантниот тим на Oceanco компанијата, за време на саемот на наутика во Дубаи.
Овој брод со должина од 120 метри кој што можете да го видите во нашата галерија, е резултат од соработката со Sam Sorgiovani Designs и претставува величенствен проект, осмислен така, да понуди доволно простор за 20 гости во луксузна и многу раскошна атмосфера.
Главната палуба на оваа јахта има базен со бар, отворени балкони и голем простор за забава, додека палубата за сончање е лоцирана пред киното на отворено. Други подеднакво импересивни погодности се големиот велнес дел, каде патниците веројатно ќе го поминуваат најголемиот дел од своето време.
Сопствениците на оваа прекрасна јахта ќе добијат прилика да уживаат во големиот мастер апартман, кој има прекрасен базен и al-fresco трпезарија, што секако ќе ви даде на знаење дека оваа јахта е создадена за вашето внимание и вашите пари.