ОВЕН
Работа – Имате силна потреба за докажување. Во текот на оваа недела, можете да направите поголем скок во кариерата. Новото друштво ви ја зголемува енергијата и полни сте со идеи.
Љубов – Јасно ви е што сакате во врската која трае. Ве обзема желбата и одушевувањето за спојување со одредена личност. Нема да губите време за нешто што нема перспектива.
Здравје – Добро се чувствувате.
БИК
Работа – Биковите ќе се занимаваат на решавање на проблемите од минатото. Колку побрзо ги решите прблемите од минатото, толку побрзо ќе влезете во еден многу удобен и успешен период, кој носи подобри финансиски резулатати.
Љубов – Доколку ви пречи некоја битна разлика меѓу вас, дајте си уште време на себе и на вашиот партнер. Се појавува и една помлада личност во вашиот живот.
Здравје – Работете на имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Ќе ви биде многу интерсено, а и многу корисно знаењето кое ке го добиете оваа недела. Работите полека си доаѓаат на свое место, како што очекувавте.
Љубов – Многумина од вас размислуваат за поранешната љубов. Секако, дека е нагласено сето она што во себе ја има симболиката на минатото. Избегнувајте кавги во бракот или во долгата врска.
Здравје – Хранете се поздраво.
РАК
Работа – Исклучително поволен период за заминување во странство и некое ново искуство.
Љубов – Вистинско освежување во вашиот љубовен живот би била личност која работи нешто невообичаено. Во долгите врски или бракот, може да се појави љубомора.
Здравје – Добро се чувствувате.
ЛАВ
Работа – Успешно ќе ги завршите сите започнати работи оваа недела. Ова е само почеток на голема преродба, само под услов својата внатрешна енергија да сте ја упатиле кон позитивното.
Љубов – Овој период би можел да биде пресуден за браковите и долгите врски. Доколку не дојде до подобрување на меѓусебните односи со партнерот, поголемиот дел од вас ќе остане на исто.
Здравје – Здравјето ви е добро оваа недела.
ДЕВИЦА
Работа – Довршете ја започнатата работа, ќе имате голема помош и подршка од стана на жените со кои работите и ќе бидете поуспешни.
Љубов – Кај поголемиот број од Девиците, се уште е актуелна старата љубов, која во вас го буди комфорот и довербата, како и стабилноста.
Здавје – Мали главоболки.
ВАГА
Работа – Спремно прифатете ги објективните случувања, можете да воспоставите добар контакт со соработниците, што би ви ја донело нивната искрена подршка.
Љубов – Случајните средби и познанства, можеби и на работа, најмногу ветуваат. Тука самата ситуација ви оди во прилог, како и на вашиот животен пат, на кој му носи вистинска љубов.
Здравје – Внимавајте на исхраната.
ШКОРПИЈА
Работа – Во соработка со вашиот претпоставен, резултатите пристигнуваат побрзо од очекуваното, што ве радува и ви дава повеќе самодоверба.
Љубов – Влегувањето во тајна врска, ќе ви овозможи да ја заборавите старата љубов.
Здравје – Повеќе вежбајте.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Ако имате свој бизнис, очекувајте подобрување на соработките. Неочекуван прилив на пари, ви следи оваа недела.
Љубов – Вие сте тие кои бирате, а овој пат точно знаете што сакате и тоа ќе го добиете. Не прифаќајте ништо помалку од очекуваното.
Здравје – Можна алергија.
ЈАРЕЦ
Работа – Сега имате прилика да ја решите неправдата која ви беше направена на работното место, затоа што го пропуштивте она што го засуживте.
Љубов – Доколку подолго време сте одвоени од партнерот, најдете начин како да дојде до средба, затоа што далеку од очите – далеку од срцето.
Здравје – Повеќе шетајте.
ВОДОЛИЈА
Работа – Присутни се добитоци преку личност од странство. Гледајте тоа паметно да го вложите во сопствен бизнис.
Љубов – Посветете поголемо време и внимание на партнерот. Во спротивно, неговото трпение е при крај.
Здравје – Добро.
РИБИ
Работа – Соработката прилагодете ја само со личности кои веќе се докажале како успешни, одговорни и упорни. И самите знаете дека тоа ви носи добар резулатат.
Љубов – Тоа на што треба да посветите внимание е како самите да се заштитите од непотребно разочарување – добро размислете дали сте спремни да влезете во врска со зафатен партнер.
Здравје – Можна алергија.