Украсите за коса се тренд без кои нема да можете оваа пролет, а за вас ги одбравме само најубавите.
Веќе неколку сезони украсите за коса се меѓу најпопуларните модни додатоци помеѓу трендсетерките. Тие се идеални ако сакате промена, а сепак не сакате драстично да ја смените фризурата. Сем што се убави, тие се и практични кога немате време да одите на фризер.
На вас е да одлучите дали сакате да се чувствувате како принцеза со тијара или повеќе сакате цветни украси, со кои ќе изгледате како шумска самовила…додека бисерите се секогаш елегантен избор.
Погледнете…