Онлајн продавницата Net-a-Porter ја претстави мини колекцијата која за нив ја креираше актерката Рис Витерспун. Колекцијата е инспирирана од летото и се состои од лелеави и женствени фустани, сукњи и кратки пантолони со висок струк во ретро стил, како и неколку модели на чантички. Актерката изјави дека при креирањето се инспирирала од летните забави на отворенo на кои има многу јаки бои и шаренила. Целата колекција изгледа како облеката која се носела во 50-те години во Америка. Колекцијата е веќе на продажба.