Промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“
Hастанoт ќе се одржи на 5 Maj 2017 год. (петок), во 11 ч. во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.
Ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“. Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е доктор по историја на уметност Кирил Пенушлиски.
За монографијата на промоцијата ќе говорат директорката на Националната Галерија Д-р Дита Старова Ќерими, академик Влада Урошевиќ и академскиот сликар и професор Рубенс Корубин.