Оваа година во мода е карираното платно, познато како „gingham“. На Instagram профилите на познатите блогерки можеме, да ги видиме црно-белите кошули со необични ракави, но и здолништа со карнери, кои се голем тренд за оваа пролет и лето.
Здолништето кое дефинитивно се одвојува оваа сезона е миди моделот од колекцијата на Zarа. Тоа е здолништето на преклоп со карнер и доаѓа во карирано црвено-бел принт и стана омилено парче на сите модни блогерки и на многу дами.
Иако потсетува на кафански чаршав за маса, не е тешко за комбинации. Можете ова здолниште да го комбинирате со бела мајца, кошула или чевли во контрастна боја.
Погледнете како познатите блогерки го комбинираат овој модел на здолниште!