Дизајнерката Ен Хепфер отсекогаш сонувала за куќа покрај вода. Нејзиниот сон конечно се оствари неодамна, кога таа ја дизајнираше совршената куќа за спокоен одмор во природа. Куќата се наоѓа во пределот Muskoka Lakes во Онтарио и е подигната на околу 18 метри над нивото на водата. Стилот е луксузен и минималистички, со многу дрвени детали и предмети купени од многуте патувања на дизајнерката низ светот. Големите прозорци во дневната соба нудат прекрасен поглед кон езерото Џозеф.
Освен дрво, во куќата се среќаваат и други еколошки материјали, како и рециклирани парчиња мебел кои добиле нов лик и намена. Во пространата трпезарија има и мал простор за појадок покрај прозорецот, кој сопственичката сама го дизајнирала. Во надворешниот дел има прекрасен простор за собирање на семејството и пријателите и уживање во зајдисонцето. Погледнете како изгледа куќата.