Иако колекцијата на Giambattista Valli ready-to-wear, за есен 2017. спаѓа во редот на високата класа, со изразена инспирација од Париз, кога ги разгледаме на-назад сите негови колекции, забележуваме дека во сите овие ready-to-wear колекции има доста елемнти на couture (висока) мода.
Тоа најмногу се гледа во материјалите кои ги користи, истакнувајќи ја не минливата естетика на жената. Меѓутоа, овојпат дизајнерот потполно не изненади комбинирајќи ги спортските хеланки Nike со лелеавите струтуирани модели.
Ако до сега сте мислеле дека не е можно да се комбинира кежуал облеката со couture елементи, еве ви доказ дека грешите.
Резултатот на тоа е колекција која ја прикажува жената која го прати својот начин, не им робува слепо на трендовите и умее да го спои – неспоивото.