Њујорк го добива најголемиот облакодер на светот наречен The Big Bend.
Њујорк е град на недвижнини, атрактивни облакодери и не е тајна, ако живеете во Њујорк, тогаш брзате да купите стан или простор на што повисок кат. Во Њујорк доминираат облакодерите. Меѓутоа со стригите закони за градба и ограничувањата во висина, богатите инвеститори се соочени со нови предизвици – како максимално да го искористат просторот за градби.
Новиот облакодер The Big Bend, е револуционерна стаклена зграда која архитектонско изгледа спектакуларно, а е решение како да се добие додатен простор во висина, а не во површина, односно должина на зградата.
Зградата ја дизајнираше грчкиот архитект Joanis Ikonomu и неговиот тим од студиото Olio. Најавено е дека ова ќе биде највисоката зграда на светот со висина од 1.219 метри, а необичниот облик на свртената буква U е посебно интересен.