Стокхолм и Копенхаген се сигурно првите два градови кои ви паѓаат на ум, кога ќе помислите на скандинавските градови…Меѓутоа, град кој не смее да се запостави е Осло или Кристиана, како што некогаш се нарекувал овој град, до 1920 година од минатиот век.
Главниот град на Норвешка – Осло, е историски центар повеќе од илјада години, кој го основал норвешкиот крал Харалд Хадраде. Бил дом на кралските фамилии, уште од почетокот на 14 век.
Креативната заедница на овој град е доминантна и има свој печат. Акцентот е на занаетчиството, традицијата и автентичноста, која нема да ја најдете на ниедно друго место во Скандинавија. Тоа е причина плус, зошто да го посетите Осло, сем неговата географска поставеност, блиското езеро и мноштво од архипелази кои го обиколуваат. А доколку сакате богата храна, фантастично кафе и одлична модна дестинација, тогаш правец – Осло!
Обиколен со брда, езера и шуми, Осло е како неоткриен дијамант кој чека само на вас.
Заобиколете ги фјордовите со организирани тури, посетете го Вигеланд паркот на скулптурите, норвешкиот фолк музеј и забавниот парк TusenFryd.
Градот има 36 музеи, многу паркови, врвни ресторани и шик кафулиња. Изнајмете точак, кој е омилено превозно средство на Норвежаните и уживајте во едно незаборавно искуство.
Aker Brygge е реновираниот дел од градот полн со продавници и ресторани. Тука на отворените површини често се одржуваат изложби на фотографии, коцерти и pop-up модни и уметнички случувања.
ГРОНЕРЛОХКУХ е населбата во која живеел и го поминал своето детство сликарот Едвард Мунк и денес изгледа живописно и сликовито, исто како да е во периодот на 1800 година.