Луксузниот бренд на чевли и модни додатоци Jimmy Choo, ја претстави својата пред сезонска кампања за 2017 година.
Во колекцијата се наоѓаат фантастични модели на рамни сандали со ремени, инспирирани од традиционалните римјанки, чевли/чизми на кои доминира кожа на питом, мокасини со монистри и салонки од розе антилопа кои се врзуваат на зглобовите…
За секоја дама има по нешто, за дамите кои ја сакаат класиката и другите кои ја преферираат екстраваганцијата. Доколку сте за боемски стил, тогаш препорака – за вас се mule чевлите со коцкаста пета и цветен мотив.
Во колекцијата има чанти и модни додатоци за секоја дама. Популарни детали на чантите се реси , каменчиња, нитни….