Во светот постојат многу скапоцени работи за кои вреди да се потрошат многу пари, а тогаш, тука се и многу работи за кои никако не можете да ја оправдате цената…
Една од тие е перницата за спиење која е актуелна. Нејзината цена 57.535 долари! Дали некој ќе потроши вистинско богатство за да ја купи најсакапата перница на свет која ветува совршен сон? Секако, оваа перница е скапа, но со која причина.
Специјалистот за врат, Thijs van der Hilst ја креираше оваа перница со употреба на 3D технологија на скенирање, за да го пронајде совршено прецизниот облик, а потоа ги креираше од не-токсична холандска мемориска пена. Секоја перница е покриена и рачно сошина со Mulberry свила, египетски памук и 24 – каратно злато. Патентот е украсен со 4 дијамнати и огромен сафир кој тежи 22.5 карати.
Доколку сакате да ја земет со себе оваа перница кога патувате, можете да набавите и Louis Vuitton торба за неа. Оваа перница званично ќе биде промовирана во Дубаи во светскиот трговски центар помеѓу 22 и 25 мај.
Таму сигурно ќе има купци за неа!