Малиот црн фустан доаѓа во многу облици, но дефинитивно еден од најпознатите е оној од почетната сцена на филмот “Breakfast at Tiffany’s “(1961). Во овој филм глумицата Audrey Hepburn заносно и со големо воодушевување го гледа накитот во излогот на Tiffany & Co.
Таа е облечена во фустан кој ги дизајнираше Hubert de Givenchy и носи големи очила за сонце додека го држи кроасанот во рака. Таа сцена е светски позната и го направи овој стил класика.
Иако изгледа како неверојатна инспирација за венчавки, дизајнерот Reem Acra создаде збрка со свадбените фустани, токму по примерот на овој култен филм.
Признавајќи го влијанието на филмот Reem Acra објасни – “Toa беше таа магија, таа сцена, која ме доведе до Tiffany & Co. веднаш, кога стигнав во New York од Либан, пред повеќе од 20 години.”
Оваа прекрасна гламурозна колекција на венчаници е инспирирана токму од таа филмска сцена. Иако можеби црниот фустан е неконвенционален за венчавки, невестата која го носи ја прекинува традицијата, а истовремено се чести со модната класика. Колекцијата е со долги фустани, со витка силуета и мало деколте, но со многу тантела – секако во колекцијата има и неколку луксузни венчаници во бела боја.
Целата колекција е фотографирана во Tiffany & Co., а едиторијалот е снимен за познат часопис. Секој изглед е надополнет со дијамнантскиот накит од најпознатата златара на свет…затоа што сепак, дијамантите се најдобар пријател на секоја жена! :)