Можеби посакувате нешто повеќе од вообичаениот сладолед кој ќе послужи само да ви го излади јазикот? Ако одговорот е да, тогаш погледнете го овој сладолед од јаглен кој е доста примамлив.
Little Damage е слаткарница во Лос Анџелес, која го понуди новиот сладолед и веднаш стана хит на социјалните мрежи и помеѓу луѓето. Сладоледот е со вкус на бадем и е многу вкусен. Сем сладоледот и корнетот е обоен во црна боја, така да овој десерт е совршена комбинација не естетска убавина и вкус, но доколку овој сладолед е премногу темен за вашиот вкус, секогаш можете да додадете малку шеќерни трошки на врвот.