Италијанската дизајнерска куќа за накит Damiani и хотелот Ritz -Carlton, во Хонг Конг се здружија заради една посебна прилика.
Tosca, реномираниот ресторант на италијанска кујна во Ritz Carlton hotel, понуди ново ниво на екстраваганција на кулинарската уметност, инспириран од јувелирското мајсторство, инспириран од новата колекција на Damiani – Mimosa. Вечерата е спремена по инструкциите на шефот на ресторанот, кој е добитник на Мишелин sвезда, Pino Lavare.
Damiani Mimosa колекцијата на накит, претставена е како хаос од дијамнти и драги камења. Избран е посебен начин на презентација на клиентите. Колекцијата Mimosa е прикажана со интересна вечера и чај.
Фантастичниот прстен со рубин презентиран е со паштета од гуска, со глазура од сируп од вишна и салата од фарфала паста, додека останатите преубави примероци се претставени со туна сос, лист од копар и сезонско овошје.
Фасцинантно, нели?