Секоја година милиони туристи од целиот свет доаѓаат да се воодушевуваат на смарагдните води на езерото Louise, шетајќи по цветните полиња на Sunshine Meadows или пак на планинските врвови покриени со снег.
Ако се прашувате за кое место станува збор, тоа е фантастичниот национален парк Banff кој се наоѓа на еден час и половина возење од Калгари во Канада.
Banff е најстариот национален парк во Канада основан во далечната 1885 година, во познатите Rocky планини во областа Alberta. Убавината на овој неверојатен национален парк е заради терените со брдата, глечерите и ледените полиња. Тука се и густите шуми, како и прекрасните венци. Како главен комерцијален центар на паркот се смета градот Banff, во долината на реката Bow.
Канада е земја со неповторлива убавина. Честопати служи како сценографија за снимање на многу филмови, а во овој национален парк, живеат гризли мечки, лисици, волци….Мирисот на јоргованот се шири на секаде, а во главата буквално ќе ви се сврти од калеидоскопот на бои кои самата мајка природа ги создала
Уживајте во рафтинг, јавање на коњи, пешањето и возење со точак.
Суровоста на оваа природа е фантастично убава, а во вашите жили ќе струи чиста енергија.