Италијанското дуо Dolce & Gabbana не се само модни виртуози, туку и кралеви на перформансот.
Тоа го докажаа и на модната ревија есен/зима 2017/18, кога како манекенки ангажираа многубројни познати sвезди.
Прикажаа кохерентна колекција, која дефинитивно е една од нивните најдобри колекции воопшто..
На прв поглед сфаќате дека колекцијата е инспирирана од милениумот во кој живееме, а ова дизајнерско дуо, тоа го покажа креирајќи меѓу останатото и маици со ликовите на Џастин Бибер. Маиците со натписот “D&G loves Justin Bieber”, секако дека ке бидат апсолутен хит помеѓу тинејџерките.
На страна играта со феноменот Бибер, колекцијата содржи есенцијални парчиња облека за следната зима, како удобни јакни, модерно крзно, пелерини, капути, мини фустани, но и опции за вечерни излагања.
Гламурозниот животински принт е застапен и во оваа колекција. Пачворкот на облеката од тексас е апсолутен хит, како и модни додатоци инспирирани од готиката.
Сандалите се фантастични, патиките, чантите, се…модни детали за кои копнееме!