Летната колекција која ќе ги воодушеви сите љубители на добриот стил!
Оваа колекција на Reserved ќе ги воодушеви сите жени, романтични или безвремено елегантни, спортистки или вистински хипстерки. Главото мото на колекцијата е различност, а благодарејќи на исклучителниот дизајн, идеална е за вашиот нов гардеробер. Дизајнерите на Reserved внесоа вистинска елеганција со креирање на колекцијата, инспирирана со на далеку познатиот италијански стил.
Новата летна колекција е полна со весели фустани, здолништа и асиметрични блузи со линии и долги широки ракави, со тантела на рабовите. Маиците со шари и безвременските фармерки се топ за хопстерките од деведесетите, а авангардната деловна жена, ќе ужива во разните тонови на минималистичката туника.
Колекцијата за мажи дише со самодоверба, со елегантните и спортски трендови. Reserved нуди неограничен избор на фармерки и војнички примероци. Оваа сезона ја одбележа и голлемото враќање на спортската облека , која денес не е веќе наменета само за теретана и спортски активности, додека фармерките се се уште главен темел на машката колекција.