Кога сакаме да видиме убава природа со целата нејзина магија, интересни пејсажи, историски и културни споменици, ние честопати патуваме премногу далеку од нашата земја, надевајќи се дека таму, во некоја подалечна дестинација ќе го најдеме тоа што го бараме.
Земјите кои се наоѓаат во нашата близина, честопати ги запоставуваме, токму заради таа близина, тие не ни се доволно интересни. Романија е секако, една од тие.
Што знаете за Романија, сем дека во неа се наоѓаат Карпатите и дека злогласниот гроф Дракула е од таму? Романија е прекрасна европска земја со убави идилични пејсажи, шармантна архитектура и богата историја.
Овој пат ви претставуваме галерија на фотографии, кои сосем малку ќе ви ја претстават убавината на оваа земја и можеби ќе ве инспирираат да ја посетите на следното ваше патување!