Сите ние уживаме во парче вкусна и убава торта, но само неколкумина имаат можност да уживаат во вистинските декадентни слатки од слаткарата LeNovelle Cakes од Џакарта. Замкови како од бајките, глазирани катедрали и огромни пагоди….тие креираат се, неверојатни слатки и торти.
Основана во 1993 година, како обична слаткарница, која на почетокот изработувала колачи и торти за родндени, денес LeNovelle Cakes е позната во целиот свет, заради ремек делата кои ги креира. За изработка на еден ваков замок потребни се 24 слаткари, 12 часа дневно и работа околу месец дена. Нивните креации се често високи околу 7 метри и потребен е камион за нивен превоз до местото на прославување. За една нивна торта, било потребно дури и 5 камиoни и осум лица само за превоз и составуњe.
Меѓутоа, овие прекрасни торти се само делумно за јадење, затоа што нивните детали се направени од стиропор кој е обложен со фондан и шеќер.
Цените на нивните креации се движат од 5.000 долари, а најскапата која ја продале до сега е половина милион долари!