Познатиот моден бренд Louis Vuitton, здружен со уметникот Џеф Кунс , кој е современа верзија на Енди Ворхол, ја лансираше колекцијата на чанти под име – The Masters LV x Koons.
Чантите на кои се репродукциите од славните сликари, петмина мајстори -Тицијан, Рубенс, Леонардо да Винчи, Ван Гог и Жан Онор Фрагонар, сигурно ќе бидат вистински моден хит!
Куриозитет е тоа, што внатрешноса на чантите или торбите крие додатни информации за уметникот чија слика го краси вашиот моден детаљ.
Колекцијата The Masters LV x Koons се наоѓа во продажба во продавницата на Louis Vuitton online – додека на полицие во дуќаните ќе се појават на 28 април оваа година.