Научно е докажано дека растенијата помагаат да се опуштите и ве инспирираат да бидете креативни, а воедно го чистат воздухот. Растението кое ги освои луѓето со својата убавина и кое од медитеранските градини се пресели во домовите е дрвото на маслинките.
Дали сте знаеле дека дрвото од маслинките може да расте во саксија? Внесувајќи го во домот, внесувате грчки, италијански или шпански шарм. Може да изберете помали или поголеми растенија, во зависност од просторот.
Дрвото од маслинка лесно е за одржување, добро поднесува суво тло и не е осетливо, па затоа е одличен избор за во домот.
Засадете и вие дрво од маслинка, кое со своите темни зелени листови ќе ве асоцира на сонце, море и фантазирање.