Волшебната вила St Bernards Hill на Девствените острови е изградена во 2012 година, и нуди околу 1200 м2 луксуз, кој е декориран на најдобар можен начин. Дека приватноста е многу важна кога сакате да се одморитеме, елекричните капии се тука да контролираат кој влегува и излегува од овој убав тропски посед, со дочек и испраќање од љубезниот персонал.
Верандите и сончевите тераси овозможуваат да се чувствувате опуштено додека го пиете својот омилен пијалок и го впивате мирот на ова прекрсно опкружување. Тука е прекрасниот инфинити базен со греана вода, кој ќе ви измами осмев на лицето штом ќе го видите.
Во ентериерот, оваа вила е подеднакво импрсивна и воодушевувачка. Главниот павиљон содржи голема дневна соба декорирана со оригинални уметнички дела и антиквитети, додека тристраната веранда е свртена кон океанот. Тука на располагање ви е и приватниот готвач, кој ќе ви спреми оригинални оброци инспирирани од локалната кујна – скара под sвездите е идеален начин за крај на еден ден.
Овој раскошен посед има и модерен луксуз, како сателитска телевизија и сараунд озвучување, како и WiFi интернет. Тука постои и домашна теретана, од која имате фантастичен поглед. Сето ова се продава по цена од 12.5 милиони долари!