Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнувањето, околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок.
Христијаните на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.
За многу години!