Компанијата Echo Yachts од Австралија соработуваше со дизајнерот Сем Сорџовани и неговото студио, како и со наутчкиот архитект од One2Three, за да ја дизајнираат и развијат новата радикална тримаран супер јахта, која со сигурност ќе усреќи некои луѓе…
Со футуристички изглед, овој воодушевувачки коцепт на јахта со должина од 120 метри, нуди простран и прекрасен ентериер, со разнолични интересни детали. Echo Yachts се погрижија да на овој неверојатен пакет, ништо не му фали, а некои од погодностите кои оваа јахта ги нуди се “touch and go”хелиодром, како додатен хелиодром на нејзината палуба за сончање.
Во трпезарискиот простор на отворено има доволно место за 36 лица, како и приватна отворена тераса за сопственикот со базен. Стабилизаторите на оваа јахта ќе се погрижат секое крстарење да помине мирно, без разлика на надворешните прилики, додека хибридниот систем на пропулзија ќе ја достигне максималната брзина од 20 чворови, со распон од 5.000 nm.