Пролетта е сезона за уживање на отворено и наскоро времето се повеќе ќе го поминуваме во екстериерите….
Крајно време е размислиме за тоа како да го декорираме надворешниот простор и кои карактеристики да ги сместиме во него. Доколку преферирате модерни парчиња на мебел, овие колекции се како создадени за вас.
Дрво, бетон и камен, претставуваат модерни материјали кои се користат во креирањето на атрактивниот дизајн во различни бои. Креирани се со удобни тапацирани делови и материјали кои лесно се перат. Парчињата од овие колекции претставуваат допадлив дизајн со преубави тонови и се идеални за создавање на практичен мебел за отворен простор.