Идеално предјадење за Велгден!
Вкусно и убаво изгледаат, а едноставно се прават. Јајацата мимоза се – тврдо варени јајца полнети со крем од туна и мајонез, во кои се додава магданос и копар – или маслинки.
Рецепт за мимоза јајца:
за 4 личности
- 4 јајца
- 10 дкг туна од конзерва
- 5 дкг мајонез
- 1 лажичка копар или маслинки
- 1 филе инчун
- 2-3 листа магданос (ситно сецкан)
- сол
- црвен пипер во зрна – по желба
- Сварете ги тврдо јајцата – околу 10 минути
- Кога потполни ќе се изладат, излупете ги и исчете ги на половинки и извадете ја жолчката.
- Пола од жолчките ставете ги во една здела и измиксирајте ги заедно со туната, мајонезот, копарот, инчунот, магданосот (сосема малку сол) во крем, а половина од жолчките оставете ги на страна.
- Спремениот крем ставете ги во слаткарска вреќичка и потоа наполнете ги сварените белки.
- Сервирајте ги во специјален сад, а останатите жолчки изрендајте ги по белката наполнети со крем.
- Според ваша желба наросете со црвен бибер.