Готово да не постои дизајнерска куќа и бренд, кои оваа година трендовски не е свртен кон миматото..
Така и брендот Ted Baker направи со колекцијата за пролет/лето 2017., креирајќи ја во ретро стил. Британскиот модел Дени Бичамп, е прикажан како г-дин Бејкер во новата кампања на брендот, која е духовита, забавна и сликовита. Прикажувајќи го есенцијалниот стил на брендот, манекенот е претставен во секојдневните ситуации на еден обичен современ маж кој оди во покупки, ја средува куќата, чува дете, но, секогаш е облечен како да е тоа неговиот најдобар ден во животот.
Моделите се лежерни и опуштени за секојдневното кежуал облекување, иако, колекцијата содржи сакоа и одела кои се наменети за посериозен стил на облекување. Бидејќи летото бргу се приближува, тука се секако и предлозите за бермудите и летните капачки шортцеви…