Ferrari F12 Berlinetta е врвен супер автомобил, кој го одзема здивот на сите што го виделе, а посебно на тие кои го слушнале “рикот” на неговиот мотор.
Возачката кабина на овој модел е многу интересна, благодарејќи на новите врвни додатоци, врвна кожа и прекрасната тема на бои, кои идеално се вклопуваат со жолтата боја на екстериерот. Бријантната тјунинг компанија Carlex Design, ни го претстави својот поглед на моделот F12 , кој е се, само не дискретен….
А и да бидеме реални, кој купува Ferrari, а да сака да остане незабележен?
Дизајнерската тема на овој бренд истакнува дека дека возачката кабина е полна со жолтите акценти на секоја можна површина, до патосниците и воланот. Шик контрасните шавови во оваа боја допринесуваат на целата атмосфера, со новите карбонски детали кои додатно ја акцентираат целата композиција.
Од техничка страна гледано, овој Ferrari модел е со 741 KS и 690 Nm обртаи во моментот, со можност на забрзување за 3.1 секунда и максимална брзина од 340 км на час.
Можеме слободно да кажеме дека оваа тјурнинг компанија знае што работи, пренесувајќи ја совршеноста на сосема ново ниво!