Доколку ви е потребен одмор, а не знаете каде да одите и да се одморите од се….ние ви ги препорачуваме Тенерифе и неверојатниот хотел Bahia del Duque…
Сместен во бујните тропски градини, овој беспрекорен ресорт има своја приватна плажа и нуди извонреден поглед кон морето. Овој рај на канарските острва, има за цел да не потсети на старите денови на својата слава и стил, со фантастична комбинација на врвни, луксузни апартмани и приватните шпански скали, заради кои сигурно ќе посакате да останете подолго време.
Со пријатното тропско време на Тенерифе и единствената атмосфера во Bahia del Duque, сигурно ќе се одморите од работата и сите обврски. Прекрасните тропски градини на овој ресорт ќе ве заведат со интересните цвеќиња и мириси. Ресортот има 5 базени и пет терени за голф, од светска класа. А за тие кои не ги интересира голфот, можат да ги користат големите теретани со личен тренер и сите останатите спа понуди.