Овој импресивен и сликовит семеен стан од 177 метри квадратни, се наоѓа во Flatiron на Manhattan во New York. На самиот дизајн на ентериерот влијаеле два стила – опуштен стил на ентериерот кој потсетува на Бали и карактеристичниот индустриски стил на New York. Отворениот тлоцрт ги поврзува дневната соба, трпезаријата, просторот за дружење и кујната, така да на станот му дава функционалност и удобност, која му е неопходна на семејниот начин на живот.
Постојат многу интересни дизајнерски решенија, кои создаваат контраст на бои и текстури низ целиот простор. Ова е стан во кое сигурно, секое семејство би се чувствувало пријатно, топло и блиско.