Лондонскиот дизајнер со германско потекло Byung е основач на брендот DesignK, кој произведува преубави предмети за сервирање и аранжирање на маса.
Креирани во геометриска, но сепак минималистичка форма, Dreieck & Kreis (на германски триаголник и круг) е нивната нова колекција на основни бои и геомеријски форми. Колекцијата е составена од шољи и тацни инспирирани од Bauhaus движењето. Секоја шоља изработена од керамика има единствени дршки во форма на триаголник или круг.
Овие интересни шољи од кои можете да го консумирате вашиот омилен пијалок се совршен декор на секој модерен ентериер.