Шестата колекција на дизајнерот Џејсон Ву за модниот бренд BOSS – женска линија, е една од највпечатливите до сега. Тргајќи од архитектонските линии инспирирани од сликите на Дејвид Хокни со базените, во живи бои, Ву ја претставува спортската облека и единствените детали во комбинација со сензуалните материјали и расцепи, кои покажуваат малку кожа и совршено недовршени кроеви на женстевени фустани.
Слоевитоста е суштина на колекцијата, со фино плетените фустани и како пердув лесни топови од тантела и шифон. Електрично сината, скарлетно црвената и живата зелена, се провлекуваат низ целата колекција – споени со цветни камуфлажни мотиви кои одлично се согласуваат со жакард , но и рачно везената тантела.