Michael Kors ја прикажа една од најдобрите колекции до сега! Моделите за есен/зима 2017/18 се комбинација на класичниот стил со модерни детали. Колекцијата дише со сила и екстремна заводливост, конвенционални, но сепак софистицирани и никако досадни. Капутите се еден од заштитните знаци на оваа модна куќа. Некои со крзно, носиви преку ден, а sвезда на колекцијата е камел капутот.
Кога зборуваме за боите, во колекцијата доминираат природните тонови, беж, крем, кафе, сива, темно зелена и црна…Колекцијата е освежена и со анимал принт, по некој златен или бордо модел.
Последниот дел од колекцијата се вечерните модели, а посебно одушевува појавувањето на супер моделот Kendall Jenner во преубав фустан со реси.