Етаблираниот бренд за мебел Југоекспорт стил ја продолжи и надгради традицијата на поранешниот реномиран бренд Југоекспорт. Југоекспорт Стил е основан во 1991 година во Македонија, со ексклузивен продажен простор во ГТЦ – Скопје, со површина од 420м2. Брендот има свој центар за мебел во Струмица 610 м2, како и во Илинден (наспорот хотел Белви) со 6.000м2. Југоекспорт Стил, одушевува со дизајнираниот мебел и модерните чисти линии, како и со италијанскиот мебел на кој никој не може да му оделее.
Понудата е голема – од мебел на парче, до трпезарии, кујни, дневни соби, спални и друго. Концептот и изборот на мебел е направен така, да го задоволи апсолутно сечиј вкус.
Југоекспорт Стил ја продолжи традицијата на фирма, која ги снабдува клиентите со квалитетен и модерен и мебел кој е по вкус на потрошувачите и со гарантиран квалитет.
Од 2002 година Југоекспорт Стил стана ко-сопственик во фирмата Мебел Трејд Виница со што ја прошири дејноста и во производствениот бизнис и извоз на македонски производи. Оваа компанија изработува мебел и обработува дрво за македонскиот, како и за европскиот пазар по барањата на потрошувачите.