Корејскиот дизајнер Kjumin Ha е познат по иновативни проекти, посебно по работата за Haver Labs…
Овој пат се одлучи да ни го разубави денот со овие прекрасни концептуални слушалки кои ги креираше. Тие се способни да стојат право без било каква подршка кога не се во употреба, совршено избалансирани – хоризонтално и вертикално. Gravity слушалките имаат едноставен и минималистички дизајн, кој е постигнат со помош на единствената смисол за уметност и практичност на Kjumin Ha, а претставуваат нешто што е корисно и потребно на дневна база. Нивната леснотија е прекрасно нагласена со совршена геометрија и пропорција.