Брендот Carolina Herrera слави 35 години на модната сцена, со новата ready to wear колекција зе есен/зима 2017/18.
Облеката на овој бренд е изработена до совршеност со интригантни детали во кои секоја дама би се чувствувала како кралица. Софистицираните структури се идеални за тие кои бараат ултра фенси формална облека, посебно кога се работи за вечната класика, како што е белата кошула.
Вториот дел на колекцијата има на некој начин потпис на црвениот тепих со фокус на младешките модели кои истовремено флертуваат, минималистички и фриволни. Третиот дел од колекцијата се гламурозните вечерни фустани кои повеќе се прилагодени за некоја party -забава, зачинети со софистицирана аура.
Со новата колекција дизајнерката сакаше да ја прикаже есенцијата на брендот Carolina Herrera и ние мислиме, дека целта е постигната.