Доколку барате идеално дизјнерско решение за вашата домашна канцеларија, размислете инспирацијата да ја побарате во парискиот стил.
Што всушност го карактеризира овој предоминантен црн стил кој ви го претставуваме во галеријата? Основата на овој стил е комбинацијата на природните бои и тонови како што се кафената, сивата, црната и белата боја. Дизајнот е едноставен, а сепак неакако разновиден.
Црните sидови креирани се така, да изгледаат како рељефни панели и даваат една декадентна елеганција во просторот за работа. Кога се одлучувате за еден ваков ентериер за канцеларија, користете детали од месинг, бакар или челик, кои создаваат додатна доза на елеганција.
Стилизираните фотељи се во сива боја, работната маса е со мермерна површина. Автентичното осветлување и неонскиот глобус, додаваат доза на ексцентричност на овој класичен простор.
А вие не претерувајте со деталите. Овој стил само по себе има силен карактер, па премногу декор не доаѓа во обзир!