Уште од 2005 година кога беше лансиран парфемот на Viktor & Rolf, Flowerbomb – стана еден од најпознатите парфеми на денешнината. Неговото преубаво шишенце во облик на граната – бомба и прекрсаниот цвет, се причина зошто е фаворите на жените од целиот свет. Последниве неколку години, видовме многу изданија и варијанти на Flowerbomb, но оваа пролет доаѓа посвеж и поубав од било кога: ова е новиот Flowerbomb Bloom Eau de Toilette.
Шишенцето е поиздолжено а мирисните ноти се на јасмин, фрезија, орхидеја и ружа.
За сега е лансиран само како пролетно лимитирано издание!