Ве потсетува ли оваа торба на некоја скапа, дизајнерска креација? Да, и нас исто! Mango во новата пролетна колекција ја додаде оваа прекрасна чанта на ланец, која доаѓа во три пролетни бои, а да бидеме искрени – влијанието на Gucci е видливо.
Но, не се жалиме, напротив. Декоративниот детал на торбата, не посетува на моделот Dionysus, но токму поради тоа, овој прекрасен модел е еден од најбараните модели од новата колекција.
Бебешко розева, жолта или фуксија?
Скоро е невозможно да се одлучите, затоа што ова се најпопуларните бои на оваа пролет, кои одлично ќе ја потполнат секоја ваша комбинација. Плус – популарната цена, прави овие чанти да се подостапни.