Париз е еден од најубавите градови на свет, доколку не верувате во тоа, погледнете ги фотиграфиите , едноставно, морате да го видите во живо. Погледот на париската архитектура и на специфичните париски кровови ќе ве воодушеват веднаш, а совршен поглед на Париз би бил панорамскиот, од раскошна тераса. Токму таков еден стан, моментално се продава во Париз.
Овој стан се продава за $1,146,000, а се работи за париски пентхаус кој е прогласен за еден од најдобрите простори за живот во EU, по изборот на “Royal Institute of British Architects”. Беше номиниран и за Stirling наградата за архитектура, заради спокојниот и унитарен амбиент кој го пружа, за што е заслужен Mark Guard.
Се работи за еднособен стан без преградeни sидови и со мноштво простори за чување домашни предмети. Се наоѓа плизу Place Monge и rue Mouffetard, на кровот на Art Deco зграда, во познатиот париски Латински кварт. Станот се отвора кон приватната тераса, со панорамскиот поглед на парискиот 5-ти арондисман.
Вака се живее во еден од најромантичните градови на светот……:)