The Mermaid Salon, австралиски бренд кој со помош на трансформација на коса и шминка ги претвора жените во сирени, неодамна ја лансираше линијата четки за makeup, кои изгледаат како металик опашка на сирена. Можат да се користат како апликација за било кој пудрест производ, а да не споменуваме колку совршено изгледаат како украс на вашата масичка.
Четките чинат 16 долари, а доаѓаат во црна, сребрена и розе-златна варијанта. Комплетно се неодоливи, но тотално поинакви од се што досега сте виделе. Совршени се за блендирање и контурирање.