Собата за дневен престој, вообичаено е најголемата просторија во станот или куќата. Во неа треба повеќе работи да се вклопат, како омилената гарнитура за седење, телевизорот, комодата а најчесто и трпезаријата. Вистинскиот дизајн на бои игра клучна улога, бојата на sидовите обезбедува пријатна атмосфера и ја создава визуелната врска помеѓу различните подрачја.
Изборот на бои зависи од неколку фактори. Еден од тие е големината – ако собата е голема, боите на некои sидови можат да бидат и потемни, а доколку собата е со помал простор, одлучете се за посветли нијанси.
Во просториите кои се осветлени од сонцето, можете да ги нагласите sидовите спроти прозорите со потемни нијанси. Ако просторијата е свртена кон север, може да доминираат азурните, портокаловите или жолтата боја.
Но не е секогаш можно да се нагласуваат sидовите со силни бои. Во помалите дневни соби, многу луѓе се одлучуваат за мебел во светли нијанси и на овој начин создаваат пријатна и весела атмосфера во домот.