Оваа ултра модерна куќа на која се воодушевуваме, се наоѓа во Rankweil Brederis, Австрија. Хибридната станбена скулптура е дело на австриското архитектонско студио Marte.Marte, која со својот изглед ги преминува границите на секојдневната градежна пракса.
Проектот Bathhouse е еднокатна структура, со комплексна бетонска внатрешност, која варира од херметичка до транспарентна, повремено разделувајќи и истовремено поврзувајќи ги надворешниот и внатрешниот простор.
На приземјето превладува поинаква атмосфера. Просториите се прецизно обликувани и убаво осветлени. Во сауната и другите околни простори – крем белиот сјај на епосидните премази го одвојува просторот. Во рацете на дизјанерот, бетонот е обликуван во скулптура во која се живее и која добива на својот израз, багодарејќи на напнатоста помеѓу бетонските школки: комплексни ,прецизни, цврсти и во самата срж, припитомената вода.