Дом под името Lantern Ridge House на малото брдо во Kerhonkson во New York, нуди една од најубавите сцени на изгревот и залезот на сонцето. Креативниот тим на на студиото MM ја дизајнираше оваа модерна куќа, за едно исклучително семејство и за нивните пријатели.
Примарната цел на проектот била да се создаде дом кој одговара на природната средина, но и да ги задоволи флексибилните потреби на клиентите на кои им е потребен приватен простор. Дизајнерската шема е минималистичка со акцент на пејсажот кој го обиколува овој прекрасен дом.