Anna Wintour е алфа и омега во светот на светската мода. Таа тукушто ги анализираше трендовите од миланската недела на модата за сезоната есен/зима 2017., како што впрочем тоа го работи и после секоја модна недела во светот.
Така, оваа година таа ја испофали есенската колекција на Gucci, која повторно ги помести границите. Таа продолжи: “Толку многу производи гледаме секој ден и тоа што ни треба во модата, е нешто што ќе изгледа емотивно и заради кои ќе сонуваме – а не само уште една досадна беж јакна.”
Веднаш се наеживме кога слушнавме дека Anna го изговори зборот”досадно”. Иако Anna Wintour со оваа изјава и даде критика на модната индустрија генерално, сеедно, се прашуваме зошто токму оваа јакна ја нарече досадна…..