За ревијата на Balmain есен/зима 2017 година, Olivier Rousteing на своите модели им додаде амазонска убавина и сила. Девојките изгледаа како моќни воини, а ни овој пат на пистата не недостасуваа познатите лица Kendall Jenner, Gigi Hadid, Elsa Hosk и Jourdan Dunn, се само некои од стандардните супермодели на Balmain кои прошетаа на пистата во тесни, bodycon фустани со контраст на драпирани материјали и опуштени облици.
Францускиот дизајнер за оваа сезона се фокусираше на кожа, брушена кожа, реси и твид. Палетата на бои ги вклучува црната, чоколадната и спектарот на наеутрални бои, кои колекцијата ја направија мистична.